Филипче ќе одржи уште една прес-конференција

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во 20:30 часот ќе одржи прес-конференција во Медија центарот во Владата.

Претходно, попладнево Филипче заедно со премиерот Оливер Спасовски и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, на заедничка прес-конрефенција соопштија дека е потврден прв случај на коронавирусот во земјава, но порачаа дека нема причина за паника.

Станува збор за жена од Скопје, родена во 1970 година, која одреден период престојувала во Италија, а допатувала преку граничниот премин Табановце превезувајќи се со комбе во кое имало уште неколку лица. Моментно е на интензивна нега во Одделот за изолација на Инфективната клиника. Таа е свесна, ориентирана и дише нормално. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега