Филипче: Линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува

Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува, наведува министерот за здравство Венко Филипче.

„Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките“' пишува Филипче на својот фејсбук профил.

Вкупната бројка на заболени со коронавирусот во Македонија изнесува 285 лица.

Од нив 164 се од Скопје, 47 од Дебар, од Куманово 24, 14 од Штип, 9 од Прилеп, Тетово и Велес по 6, Струга 5, Охрид 3, двајца во Кавадарци и по еден пациент во Крива Паланка, Гостивар, Струмица, Гевгелија и Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега