Филипче: На 31 март и на 15 април ќе пристигнат 100 000 дози од „Астра Зенека“, но тоа го кажувам со резерва

 

Министерот за здравство Венко Филипче во „24Анализа“ рече дека не е вистина дека се плаши да се вакцинира и уште на почетокот на процесот, рече дека ќе се вакцинира кога ќе стигнат поголемите количини на вакцини.

„Имаме датуми, но ги земаме со резерви. Имаме еден тајмлајн со кој сме внимателни како го споделуваме.“ - рече Филипче.

Министерот рече дека се случува се одложат на два механизми преку кои се очекуваше да стигнат вакцините.

„Тоа е ковакс механизмот. Сега имаме некаква најава и ова ќе го кажам со резерва. Дека дозите ќе стигнат на 31 март и на 15 април, вкупно 100 000, но и тие го кажуваат со одредена резерва, зошто не се сигурни. Ова ќе биде количина на „Астра Зенека“ вакцина, дека ќе стигнат од производителот и укажува дека ќе има неколкунеделно доцнење.“ - рече Филипче.

И кинеските вакцините според најавите се очекуваат до 31 март, но и тоа се зема со доза на резерва рече Филипче. Важно е дека системот е подготвен, дека се знае групите кои се пријавени и како ќе се спроведува вакцинирањето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2021 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега