Филипче: Наредбата на Бајден е порака за ретроградните структури

Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче во гостувањето на Канал 5 ги коментираше последните политички случувања и наредбите на претседателот на САД, Џо Бајден. Филипче истакна дека со наредбите, Бајден јасно укажува дека САД сериозно се фокусира на Балканот што е добар сигнал за нас и значи поддршка во решавањето на споровите и напредокот на земјата, но и порака за ретроградните структури политичари кои се обидуваат да го закочат европските процеси и напредокот на земјата.

„Нашите односи со САД потекнуваат од независноста и тие многу ни помогнаа. Истот така и во справувањето со ковид-кризата. Пораката на САД е кон оние политички фигури кои што се ретроградни, кои активно или пасивно ги поткопуваат евроинтеграциите“, додава Филипче, во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

10.06.2021 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега