Филипче: Нашата држава постигна значителен напредок во дијагностицирање на деменциите

Нашата држава постигна значителен напредок во дијагностицирање на деменциите, преку примена на проширени невропсихолошки тестови, лабораториски анализи за исклучување реверзибилни деменции, imaging-методи и одредување биомаркери за Алцхајмеровата болест, напиша на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

-Вчера на Светскиот ден посветен на Алцхајмеровата болест, со проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот Пендаровски, и Здружението на студенти по медицина – ЗСМ одржавме стручна дебата на тема „Алцхајмерова болест – тивка епидемија на 21 век“. Во Северна Македонија, живеат околу 20.000 лица со оваа болест, а вкупниот број лица со деменции од сите типови достигнува и до 40.000- стои во објавата на министерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега