Филипче: Не правете залихи, лекови на рецепт на товар на Фондот има во доволни количини

Министерот за здравство, Венко Филипче на фејсбук повторно апелираше до граѓаните да не купуваат лекови непотребно и да прават залихи во своите домови, бидејќи лекови на рецепт на товар на Фондот за здравство има во доволни количини.

„Применувајте примарно телефонска и електронска комуникација со здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба.

Почитувајте ги стручните препораки од матичните лекари за зачувување на здравјето и за правилно лекување.

Не купувајте лекови непотребно, односно не правете непотребни залихи на лекови во вашите домови домови. Лекови на рецепт на товар на Фондот има во доволни количини, во промет одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства.

Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствени систем, а со тоа и сите нас како граѓани на РСМ“, порача Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега