Филипче: Нема техничка пречка за да се направат поголем број на тестови

Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во „360 Степени“ рече дека рестриктивните мерки се донесени со цел бројот на заразени да не биде многу голем, а на долг рок ќе се стекне колективен имунитет.

Појаснува дека во иднина ќе треба да „да се игра топло-ладносо мерките. Односно, да се олабавуваат онаму каде што бројот на заразени е помал, а да се засилат онаму каде што бројот се зголемува.

Во однос на бројот на тестирањето рече дека во моментот во Македонија се извршени најголем број на тестови на милион жители од сите соседи.

-Нема техничка пречка за да се направат поголем број на тестови, рече Филипче појаснувајќи дека постојат научни аргументи зошто Македонија го користи овој пристап на тестирање.

Според него, целта е епидемиолошката слика да се развлече. Односно, секоја земја треба да го најде својот автентичен пристап кон тестирањето согласно бројот на заразени и капацитетот на здравството.

Филипче тврди дека се прават и случајни тестирања, но тој број е многу мал. Вели дека сите случајни тестови кои биле направени денеска се негативни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега