Филипче: Од 330 000 ревакцинирани граѓани, 92 заболеле од ковид-19

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Ова, додаде тој, значи дека процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е многу мал, односно изнесува 0,02 проценти, што е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината.

Според Филипче, денеска ќе биде надмината бројката од 500.000 вакцинирани со најмалку една доза, од кои над 330.000 се ревакцинирани.

„Очекуваме до крајот на август сите 500.000 да бидат ревакцинирани“, рече Филипче.

Тој апелира до сите граѓани дека вакцината е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата.

Како што кажа, засега не се планирани нови рестриктивни мерки.

„Размислуваме дали да се направи нешто од септември или почетокот на октомври. Ги пратиме искуствата од другите земји, секаде има дебата дали треба да има некакви рестракции за невакцинираните“, рече министерот.

27.07.2021 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега