Филипче: Од понеделник ќе почнеме да се подготвуваме за враќање на животот во нормала

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека од понеделник ќе почне да се подготвува постепено враќање на животот во нормала.

-Јас вчера најавив дека почнавме комуникација со претставници на стопанските комори со цел да се најдат оптимални решенија за организација на работата на сите овие организации и институции, а сѐ со цел да и по подигнувањето и отстранувањето на рестриктивните мерки нема да ни се случи голем број на нови пациенти, односно, повторен пик на новодијагностицирани пациенти со коронавирусот, рече Филипче.

Вели дека секому му треба оптимизам. Според него, оваа состојба нема да трае долго доколку сите се придржуваме до мерките.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега