Филипче откри кога ќе се вакцинира и демантираше дека се плаши

При гостување во „24 Анализа“ Венко Филипче одговори на шпекулациите и рече дека не е вистина дека тој е веќе вакциниран и  исто така демантираше дека се плаши да се вакцинира.

-И едното и другото не се вистина. Уште на почетокот на тој процес кажав дека дефинитивно лично ќе се вакцинирам тогаш кога ќе стигнат првите поголеми дози на вакцини- рече Филипче.

Министерот Филипче, со доза на воздржаност најави дека очекува вакцините од Астра Зенека да стигнат на 31 март и 15 април, додека кинеските вакцини на 31 март, нагласувајќи дека системот е подготвен и точно се знае како ќе се одвива вакцинирањето.

Во однос на ставот на Европската агенција за лекови дека вакцината на „Астра Зенека“ е безбедна, министерот Филипче посочи, дека во однос на оваа вакцина посебно водат сметка и за тоа што го кажуваат националните агенции во ЕУ, кои времено го запреа вакцинирањето и ги следат сите релеватни истражувања.

Неколку случаи, посочи Филипче, излегоа во изминатиот период и тоа придонесе да се создаде сомнеж.

– Националните агенции на земјите каде што имаше несакани ефекти од вакцината преземаа мерки на претпазливост и времено го запреа вакцирањето со „Астра Зенека“. Што е нормално, да бидат внимателни и да се утврди ако има причинско последична врска. Релевантна инстутуција за тоа е Европската агенција за лекови, која излезе денеска со став дека дефинитивно не станува збор за компликации, заради кои што треба да се прекине или ствараат сомнеж. Дефинитивно вакцината е безбедна и нема причинско последична врска со овие случаи и верувам дека имунизацијата ќе продолжи, изјави Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2021 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега