Филипче: Просекот на новодијагностицирани секој ден се намалува, нема најава дека е потребна дополнителна мерка

Имаме се помал број пациенти во болници. Просекот на новодијагностицирани секој ден се намалува. Рестриктивна мерка се воведува тогаш кога ќе се оцени дека има ризик по здравствениот систем и тоа ни беше потврдено од страна на експертот, кој не посети од Светската здравствена организација. Тоа е единствена дополнителна мерка на сите оние мерки што сега важат кај нас, ама не важеа во околните земји, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој беше на симулација на безбедно гласање во организација на ДИК.

Бевме, посочи, сведоци на големи собири, спортски натпревари, што кај нас се забранети.

– Може да се одигруваат спортски натпревари, групни спортови без публика заради тоа што знаеме дека тоа е еден огромен ризик. Во таа смисла и моментот кога треба да се воведе рестрикција, треба добро да се оцени, затоа што во даден момент можеби и е многу доцна. Кај нас нема ниту најава е потребна некаква дополнителна мерка, додаде Филипче,одговарајќи на новинарско прашање. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега