Филипче: Се чекаат резултатите за 14 лекари од болницата во Козле кои биле во контакт со заболениот пациент од Тетово

Во нашата земја има тројца излекувани пациенти, но и тројца починати пациенти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Во добра здравствена состојба е и 4-годишното девојче во Штип.

„Сабота и Недела од 16 до 05 часoт се забранува движењето на граѓаните е мерка која што е единствена која дава резултати. Оваа мерка е единствена којашто става крај на ширењето на вирусот,“ истакна Филипче.

„Во наредната недела ќе бидеме подготвени и за мобилното тестирање и тоа во подрчаја и градови во кои сметаме дека е потребно. Добiвме одгoвор и од норвешката влада за донацијaта на респираторните системи. Во текот на нередната недела треба да пристигнат 500, 000 маски и 20, 000 тестови.

Во наредните ден-два ќе се тестираат и граѓаните кои се затекнаа во околината на Дебар и ќе бидат пуштени во градовите каде што живеат“, кажа министерот.

Тој на новинарско прашање каде се бил третиран заболениот неподвижен пациент од Тетово кој престојувал во заводот во Козле истакна дека пациентот престојувал во заводот имал само една посета. По, испуштањето од болницата бил тестиран и упатен на инфкетивната Клиниката за инфективни болести.

-Овој пациент е позитивен по првиот тест. По однос на тријажата зекоја здравствена институција е задолежан да обезбеди патека за вакви сомнителни пациенти. соодветен терк треба да имаат, но и проверка и анализа. Фебрилност е алерт, знак дека треба да постапат со внимание на таквите пациенти. Тоа важи  и за болницата за деца во Козле. На десетина членови на неговото семејство се вршат проверки, но сите резултати до сега се асимптоматски, одговри Филипче и додаде дека се чекаат резулатит на 14 здравствени работници и 4ца пациенти кои биле во контакт со заразениот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега