Филипче: Се уште сме далеку од тоа да одлучиме која вакцина ќе се користи

Го пратиме развојот на сите вакцини. Имавме конуникација на рускиот амбасадор за дополнителни прашања, одговори се уште не сме добиле,но во мегувреме се уште го пратиме и она што се случува кај близу 10 компании кои се во напредна фаза. Се уште сме далеку од тоа да одлучиме која вакцина ќе се користи, одговори на новинарско прашање на денешната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче вели дека целта е навремено да се воведат мерки, за да се избегнат рестриктивни мерки, но доколку тоа биде нужно, тоа ќе се направи.

– Во следните денови ќе информираме за следните мерки, а дел од мерките кои се разгледуваат се носење маска и на отворено, ограничување на бројот на лица во угостителските објекти, казни за прослави, прецизен пртокол за гости во угостителските објекти во есенскиот период, вели Министерот.

Во однос на зголемениот број на смртни случаи минатата недела и дали ќе се анализираат причните и кај младите лица, министерот вели дека анализите почнале да се работат во текот на викендов.

– Претпоставувам дека нема да биде потребно повеке од една недела да се направи анализата. Видовме многу комплексни и тешки форми на болеста. Форми кои никако не можевме да ги поврземе со ниту една актуелна фаза во која се наоѓа пациентот. Едноставно вирусот е многу непредвилив. Ниту еден фактор не може да им укаже на лекарите како ќе се одвива болеста. Во таа смисла, сметам дека сепак овој вирус е нешто со што никој не се соочил не само кај нас туку и во светот, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега