Филипче со колегите: Ви благодарам што секојдневно се борите за секој живот

Министерот за здравство, Венко Филипче преку својот Фејсбук профил упати благодарност до своите колеги, докторите, кои секојдневно се грижат за сите граѓани во земјава.

„Колеги, Ви благодарам што секојдневно се борите за секој живот! Ви благодарам што се грижите за здравјето на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели, давајќи сѐ од себе во справувањето со ковид-19. Ги повикувам сите граѓани да им ја олесниме работата и да ги почитуваме мерките за заштита без исклучок! Да бидеме одговорни со носење маска, одржување физичка дистанца и често миење на раце. Тие ја заслужуваат поддршката од сите нас“, напиша Филипче.

Министерот вчера изјави дека ситуаицјата со коронавирусот е многу сериозна и дека следниот чекор е полициски час, доколку не се почитуваат мерките и препораките.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега