Филипче: Состојбата кај нас како и насекаде во Европа се влошува, со сигурност ќе се соочиме со нов есенски бран

Целта на денешната прес-конференција е врз основа на анализите коишто ги правиме во Министерството за здравство, да ја презентираме состојбата со епидемијата и да ги најавиме следните чекори во однос на есенскиот период. Состојбата кај нас како и насекаде во Европа се влошува како завршува летото, кажа министерот за здравство Венко Филипче на почетокот на денешната прес-конференција.

„Британската влада планира дури воведување на нов национален карантин, Шкотска упати предупреување до своите граѓани, во Израел е веќе тоа на сила, Франција ги заострува мерките. Меѓуи другиото ќе бидат забранети дружења, посети меѓу домаќинствата.

Септември може да биде почеток на нов есенски бран.

Според анализите на Комисијата накумулативната состојба во нашата земја од почетокот најголем број случаи се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип. Натаму најзастапена е групата над 60 години, но евидентно е дека избива и групата меѓу 30-39 години. Во однос на процентот на позитивни од тестирани, од средината ана август процентот е под 10.

Најголем број на новозаразени сме имале во 28-та недела од јули, потоа оваа бројка опаѓа, а во 38-та бројката почнува да расте и сега се регистрирани 908 нови случаи“, кажа Филипче.

Тој додаде дека најголем дел од дијагностицираните се преку локален пренос.

„Кај нас од вкупниот број на потврдени случаи 32 проценти имале контакт со потврден случај.

Најголем процент на хоспитализирани е регистриран на 6 септември, од тогаш процентот опаѓа.

Споредено со земјите во Европа процентот на хоспитализациите во просек е понисок.

Состојбата со болнички капацитетит е стабилна. Наталитетот во нашата земја е 4,1 процент.

Од анализите на епидемиолошките анкети јасно може да се зкалучи дека главната причина за зголемување на бројката се должи на непочитување на мерките и тоа пред се семејни собирања.жОчигледно дека граѓаните заборавија на важноста за почитување на мерките. Летото е зад нас, а со тоа и стабилниот период. Повторно ќе кажам нема да дозволиме оние кои не ги почитуваат мерките да ги изложуваат на ризик другите граѓани. Вирусот може да биде фатален за секој еден од нас“, кажа Филипче и додаде:

„Од следните недели ќе ги засалиме и контролите и протоколите. Апелирам состојбата да се разбере многу сериозно. Недозволиво е покрај сите најави, сериозен дел од граѓаните да не ги почитуваат мерките.

Во тек се анализи и планови за воведување на евентуални нови мерки. Наша стратегија и цел е навремено да воеведме мерки кои директно ќе влијаат на сузбивање на ширење на вирусот. Целта е да се избегнат евентуални рестрикции на движењето, но доколку тоа биде нужно тоа секако ќе го направиме.

Дел од мерките кои ги разгледуваме се задолжително носење маска на отворено, ограничување на бројот на седење на места во угостителски објект, прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз.

Иако во моментов вкупниот капацитет на болниците е во добра состојба, свесни сме дека со сигурност ќе се соочиме со нов есенски бран. Системот не може без граѓаните и нивната поддршка, да ги почтиуваме мерките, да не дозволиме да се преполнат болниците.

Да ги почитуваме мерките бидејќи тоа значи истовремено и почит кон здравствените работници. Непочитувањето на мерките ќе не одведе кон нови рестрикции кои никој од нас не ги посакува.

Сите знаеме какви штети предизвикува карантинот како мерка, можеме да го превенираме само со целосно држење до препораките. Од нас зависи каква есен ќе имаме и како ќе го премостиме овој бран“, кажа Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега