Филипче: Став на Комисијата за заразни болести е наставата да започне да се одвива онлајн

Тој за Канал 5 потврди дека тоа ќе биде клучно за утрешната одлука дали ке се бараат ПЦР тестови и за државјаните кои транзуитираат.

Филипче во разговорот со Јован Ѓорговски информираше и околу последните препораки на Комисијата за заразни болести за наставата од 1 септември

- На денешниот состанок со Комисијата за заразни болести ги разгледувавме протоколите за одвивање на наставата во училиштата. За утре е закажан состанок на кој што ќе прсуствуваат преставници МТПС на кој ќе се разгледуваат протоколите за работа на градинките.

Став на Комисијата за заразни болести е наставата да започне да се одвива онлајн, освен за првите одделениа за кои е неопходно физичко присуство на учениците. Во оваа ситуација стравуваме дека транспортот, од и до училиште, понатаму комуникација на децата на одморите, во ходниците и за време на влез во училиштето во оваа ситуација, во есен каде што не знаеме што не очекува, ќе биде ризично да се вратат децата во затворена просторија без никакво ограничување.

Дискисијата се уште трае и со дефинитивен став и заклучок Владата ќе дојде во наредните неколку дена - рече Филипче.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа