Филипче: Вкупно тројца пациенти се излекувани од коронавирусот во Македонија

Регистрирани се 24 нови случаи заразени со коронавирус. Има уште еден пациент со кожната клиника во Скопје, со ова вкупната бројка е до 12 часот 201 лице, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„На Клиниката за инфективни болести испишан е еден пациент од Дебар, пратен на домашно лекување, со 2 негативни теста и се спрема исписот на една пациентка од Скопје која исто така на два теста е негативна на вирусот и ќе биде испратена на домашно лекување. Во нашата земја имаме вкупно тројца излекувани и тројца починати пациенти.

Имав разговор со директорот на клиниката во Штип во врска со пациентите таму, сите се во стабилна состојба.

Владата во текот на вчерашната седница донесе одлука со која се забранува движењето во викендот од 16 часот до 5 часот следниот ден. Оваа мерка којашто имајќи ги во предвид сите искуства во странство е единствена којашто дава добри резултати, избегнување на групирање и социјалните контакти со сигурност дава крај на патот на ширењето на вирусот.

Од следната недела ќе бидеме спремни за мобилните тестирања, во текот на викендов ќе се селектираат пошироки групи за тестирање. Денеска имав состанок со амбасадорката на САД на којашто и се заблагодарив на поддршката која ја дава за лабораторијата.

Добивме одговор и од повеќе донатори, преку норвешката влада за респираторни машини, дополнително одговор ни најавуваат и од Кина и најавија дека во следниве денови ќе добиме дефинитивен одговор.

Следната недела како донација ќе пристигнат 500 илјади маски и 20 илјади тестови.

Комбинацијата на лекови којашто ние почнавме да ја даваме веќе се аплицира кај луѓето коишто се во болница. Во текот на следните ден или два ќе се спроведе детален преглед или тестирање на луѓето кои се затекнаа во областа на Дебар и после ќе бидат пуштени во другите градови кај што живеат бидејќи истече периодот на инкубација.

Во тек е онлајн тренингот, вклучени се 20 доктори и 320 медицински сестри и се припремаат да бидат тренери на другите медицински работници, овие луѓе ќе го пренесуваат знаењето и на своите колеги не само во Скопје туку и ширум државата.

Имаме и пациент од Тетово кој од 9 до 23 март престојувал во заводот за рехабилитација во Капиштец и тој поради покачена температура е препратен во Клиниката за инфективни болести“, кажа министерот.

Тој додаде дека денеска во болницата во Куманово престојувал експерт, професор од Клиниката за инфективни болести којшто детално разговаралсо лекарите од инфективното одделение за начинот на третман и прием на пациентите, делот за изолација и во текот на утрешните денови целосно ќе биде завршена анализата и стратегијата за лекување. Куманово ќе биде еден од првите градови во кои ќе се зголеми тестирањет, кажа Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега