Филипче: Во ниту еден момент од Комисијата не беше препорачано дека погребувањето треба да биде во лимен ковчег

Ние ги разгледувавме сите протоколи, имавме дискусија во Комисијата за заразни болести. Во ниту еден момент од Комисијата не беше препорачано или било препорачано дека погребувањето треба да се биде во лимен ковчег, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

- Таму стојат некои протоколи и препораки во однос на дезинфекцијата, меѓутоа никогаш така. И тоа е така од почетокот на кризата, заради тоа што се сеќавам на првичните дискусии коишто ги имавме во рамките на Комисијата, пред повеќе месеци на почетокот на кризата, кажа Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега