Филипче: Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, при вчерашната посета на Општата болница во Кичево, истакна дека во оваа установа за две ипол години се реализирани повеќе од 40 вработувања.

„Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина, што мислам дека е еден одличен резултат на оваа политика на инвестиција во млади лекари и медицински сестри, со цел да не заминуваат од земјава, туку иднината да ја гледаат тука. Имајќи ги во предвид и другите мерки, кои како Министерство ги имплементиравме во изминатите повеќе од две години, тоа е платениот стаж во период од шест месеци за младите лекари во рамки на здравствените домови, сметам дека тоа е една политика која дава резултат. Нема јавна здравствена установа којашто не го зголеми капацитетот на кадар за најмалку 15 проценти, вработени се огромен број лекари и медицински сестри, истакна министерот Филипче.

Во изминатиот период, Министерството за здравство има издадено повеќе од 5000 согласности за вработување. Како никогаш досега е вложено во младиот медицински кадар, тие се активно вклучени во креирањето на здравствените политики.

За четиригодишниот период 2019-2022, одобрени се 1000 специјализации и супспецијализации, а за првпат приватните специјализанти се платени за својот труд.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега