Филипче: Во случај на коронавирус во институциите, системот ќе продолжи добро да функционира

Земениците на министрите или директорите се дел од Владата. Целокупниот системот ќе продолжи добро да функционира, а институциите ќе ја вршат својата работа, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, прашан за тоа што ако некој од Владата се разболи од коронавирусот Ковид 19.

-Во рамки на нашиот тим во Министерството за здравство на почетокот на март разговаравме за оваа работа. Гледаме многу примери во странство и постојат повеќе сценарија. Едни сценарија во кои дел од инволвираните во целиот овој процес на менаџирање, можат и во состојба на самоизолација да ги менаџираат работите, изјави Филипче.

Министерот за здравство изрази надеж дека нема да се случи некоја посериозна форма.

– Ако тоа се случи, системот на заменици министри, на директори на институции е тој кој практично е целосно вклучен во овој систем, со секојдневни разговори и консултации. Сакам јасно да кажам и да ги уверам граѓаните дека и во такво сценарио, целокупниот системот ќе продолжи добро да функционира, институциите ќе ја вршат својата работа, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче повтори дека домашното лекување е еден пример што сме го презеле од Германија и смета дека е соодветен за наши услови.

– Постои јасен начин на комуникација со матичниот лекар, кој најмалку два пати во денот, а по потреба и повеќе пати во текот на денот, прави телефонски разговор со неговите пациенти со коронавирусот. Во таа насока, на тој начин и со таа комуникација ќе одат и контролните тестови на луѓето кои се излекувани, рече Филиче.

Смета дека се многу подобри условите за лекување дома, согласно алгоритмот и распоредот која е формата на  болеста која може дома да се лекува. Потенцира дека во секое време болниците се отворени и ако пациентот забележи влошување на состојбата може да дојде до инфективните одделенија во некоја од болниците, во ГОБ „8 Септември“ – Скопје или во Инфективната клиника во Скопје. Постои можност пациентот сам да се јави или матичните лекари да ги контактираат инфектолозите.

Министерот Филипче потсети дека периодот на инкубација трае 14 дена, најмалку од два до 14 дена. Во рамки на тој период можат да се развијат симптоми. Во однос на тоа како се пристапува, важни се клиничката слика и состојбата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега