Филипче за Николов: Неговата темелност и одговорност се дел од неговиот работен кодекс

 

Неговата посветеност кон пациентите, а сега и кон своите граѓани е за секоја почит, истакна вечерва потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче за актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат за Штип, Сашко Николов.

Како што соопшти партијата, тој покажал дека само со планска и стратешка проценка се спроведуваат проекти кои се од витално значење за Штип.

-Ми претставува огромна чест да говорам за личност како Сашко Николов. Се познаваме одамна, пред се како колеги во докторскиот занает, а потоа и како соработници, остварувајќи ги нашите должности во централната и локалната власт. Неговата посветеност кон пациентите, а сега и кон своите сограѓани е за секоја почит. Неговата темелност и одговорност се дел од неговиот работен кодекс, кој го следи неколебливо, рече Филипче. 

07.09.2021 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега