Филипче: За време на викендите ќе има дополнително ограничување на комуникацијата и транспортот во нашата земја

За време на викендите ќе има дополнително ограничување на комуникацијата и транспортот во нашата земја, особено во Куманово. Ова го откри министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата.

„Дополнително ограничување во комуникацијата и отворени комуникации за време на викенд се разговара на седницата на Владата. Веднаш кога ќе се донесе одлука ќе бидете известени. Се оди во насока на тоа да се намалат комуникациите за време на викендот, а од понеделник ќе имаме друга дискусија во зависност како ќе се одвиваат бројките. Куманово е моментално потенцијално жаришите, барем така сметаат епидемиолозите“, кажа Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега