Филипче: Заводот за рехабилитација во Козле престанува со работа

После детектирани неколку позитивни случаи на коронавирус во Заводот за рехабилитација во Козле, министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека истиот е затворен, и дека се чекаат резултати од 16 пациенти кои биле пациенти во последните денови.

„Во Козле заводот за рехабилитација престанува со работа, не прима пациенти, двајца од дијастогнозираните се на Инфективно, и ги очекуваме резултатите од дополнителните 16 пациенти од кои е земен материјал. Пациентите кои имаат потреба, услугата ќе ја бараат во амбулантскиот дел во болницата 8-ми септември“, рече Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега