Филипче: Живееме еден од најтешките периоди во поновата историја

Живееме еден од најтешките периоди во поновата историја, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој наведе дека целиот свет е под огромен притисок. Но, најголемиот товар и натаму го носат здравствените работници и повеќе од сé им е потребна наша поддршка за да се справат со предизвикот пред кој се исправени.

„Здравствените работници се нашата надеж во борбата против пандемијата. Почитувањето на мерките е „оружјето“ со кое ние, секој еден од нас, може да даде свој придонес во таа борба. Да им помогнеме, тие тоа го очекуваат и заслужуваат. Да покажеме благодарност и почит кон нивната работа. “ напиша Филипче на фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа