Филиповски: 20 км нови вело - патеки и спорт без ограничувања
Во претстојните четири години, ќе изградиме најмалку 20 километри нови вело – патеки по сервисните улици, кои ќе се надоврзуваат на велосипедските патеки во должина на булеварите. Дополнително, ќе продолжиме со субвенциите за купување на велосипеди, но и електрични тротинери, со цел поголема мобилност на нашите сограѓани“, посочи Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата, во денешната изјава за медиуми.
Филиповски истакна дека урбанизацијата придонела за создавање и на други проблеми, во делот на екологијата, недостатокот на паркинг места, предучилишното и основното образование.
- Затоа, при урбанистичкото планирање ќе имаме предвид за сите овие аспекти. Креирањето на подобра инфраструктура за возење на велосипед, значи и помал сообраќаен метеж, повеќе физичка активност и заштита на животната средина, истакна Филиповски.
Кандидатот за градоначалник посочи дека Аеродром ќе овозможи и „СПОРТ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА“. Тоа подразбира вклучување во спортските активности и на учениците со попреченост. Преку програмата „Спорт за развој“, ќе се овозможи сите ученици од основните училишта преку физичките активности да учат и на вредности, да бидат потолерантни граѓани, да работат во тим, да ги прифаќаат различностите и да се развиваат во одговорни жители кои придонесуваат во својата заедница. Филиповски заедно со кандидатите за советници на СДСМ и коалицијата денеска продолжува со средбите со граѓани, во реонот на Ново Лисиче, со цел презентација на програмата „Најдоброто за Аеродром“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа