Филиповски: Ефикасни урбани заедници и мобилна апликација за граѓаните во Аеродром

Урбаните заедници во општина Аеродром ќе прераснат во локални сервиси, кои ќе испорачуваат различни услуги за граѓаните, ќе ги поврзуваат жителите со подрачните единици на министерствата и другите државни органи, изјави Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром.

Филиповски посочи дека службениците во рамки на овие урбани заедници ќе го информираат и локалното население за услугите кои ги нудат другите институции, а се важни за граѓаните од одредена населба.

За да се постигна проактивна и двонасочна комуникација, локалната самоуправа ќе креира и мобилна апликација. Аеродромци ќе можат да комуницираат со градоначалникот, советниците и општинските сектори и на дигитален начин.

-Граѓаните преку оваа дигитална алатка ќе можат да поднесуваат барања, да го следат статусот на својот предмет (во која фаза е, кај кој службеник е распореден), да аплицираат за субвенции за велосипеди, еднократна помош, но и да даваат иницијативи за своето маало, напомена Александар Филиповски.

 

Аеродром ќе ја зголемува својата транспарентност и двонасочна комуникација, кои се клучни за се намали и корупцијата во заедницата, но и да се зголеми довербата на граѓаните во локалната самоуправа.

10.10.2021 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега