Филиповски: Излези и гласај за 12, за зелен, чист и урбан Аеродром

Излезете во недела, на 17 – ти октомври на локалните избори! Остварете го Вашето право на глас. Гласајте за две нови градинки во Аеродром, доградба на основното училиште „Блаже Конески“, монтажни гаражи за намалување на проблемот со паркирање, младински центар и два затворени базени, изјави Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром, во денешната завршна изјава за медиуми пред почетокот на изборниот молк.

Филиповски, покрај истакнувањето на капиталните проекти од програмата „Најдоброто за Аеродром“ се осврна и на политиките во областа на животната средина.

Кандидатот за градоначалник ги повика аеродромци да гласаат за почиста и позелена општина. 

-Гласот за бројот 12 е глас за миење на улиците и плочниците со цистерни, нов парк на 5.000 м2 (од „авиончето“ до автобуската постојка на последна „5 – ка“) и 5.000 високоизраснати дрвја. Со Вашиот глас бирате кој ќе ја води општината во претстојните четири години, кој ќе биде градоначалник, но и одлучувате за членовите на Советот, како Ваше претставничко тело – орган кој ќе ги штити и брани вашите интереси, истакна Александар Филиповски. 

Изминативе три недели, СДСМ и коалицијата во Аеродром ги презентираа проектите по сите населби. Се остварија повеќе средби со граѓани, претставници на приватниот сектор, спортски клубови, здруженија и граѓански организации.

Кандидатот за градоначалник ги повика граѓаните да дадат поддршка и за листата на советници на СДСМ и коалицијата во Аеродром предводена од Д – р Александар Трајановски, како и за градоначалникот Петре Шилегов и носителката за Скопје, д – р Софија Пејкова. 

Филипоски им се заблагодари на сите граѓани за поддршката во текот на кампањата, за позитивните коментари и сугестии, но и за конструктивните критики, забелешки и сугестии. 

15.10.2021 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега