Филиповски: Сите сме одговорни за чист и зелен Аеродром

Со садење на ново зеленило и украсни растенија денеска продолжија дневните активности на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром и неговиот тим – кандидатите за советници. Тие ја посетија населбата Ново Лисиче, каде што уредија јавен простор во близина на Спомен - паркот на нашата музичка легенда Тоше Проески.

- Преку оваа еко – акција покажуваме како ќе работиме во следните четири години. Садењето на нови дрвја и уредувањето на јавниот простор се нашите приоритети. Аеродром е општина која е позната по маалските паркови, тоа се површините меѓу зградите, каде што граѓаните често се рекреираат и меѓусебно се дружат. Овие простори дополнително ќе ги раззелениме и ќе поставиме системи за наводнување, со цел функционален зелен простор и вистински маалски соживот, изјави Филиповски.

Локалната самоуправа континуирано ќе организира вакви акции за раззеленување или за чистење. Во истите ќе биде вклучена и администрацијата, но и младите од основните училишта, заинтересирани претставници на приватниот сектор и граѓанските организации. Основната цел е подигнување на јавната свест кај сите локални чинители.

Филиповски во текот на денешниот ден истакна дека зелената агенда е на прво место во програмата на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Аеродром“.

Во претстојните четири години во Аеродром ќе бидат засадени повеќе од 5.000 високоизраснати дрвја. Исто така, предвидено е и затворање на Усјанскиот канал, со што ќе се реши голем еколошки проблем за лисичани. За граѓаните од Долно и Горно Лисиче ќе се доделуваат и субвенции за замена на нееколошките начини на загревање.

Кандидатот за градоначалник ги повикува сите граѓани, во недела, на 17 – ти октомври да го заокружат бројот 12 и да гласаат за почиста, позелена и поурбана општина.

14.10.2021 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега