Филмска бркотница во Свети Николе: Полицајците имале што да видат во автомобилот

 

Околу  01.35 часот на автопатот Штип-Скопје, кај место викано „Канда“, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе дале знак за запирање на патничко возило „Алфа Ромео“ без регистарски ознаки.

 Возачот не застанал, го свртел возилото и се упатил во правец кон Штип. Во близина на Филтер станицата возачот го запрел возилото и побегнал.

Од извршениот преглед во возилото биле пронајдени девет лица-мигранти, од кои шест лица од Бангладеш и три лица од Пакистан.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

22.06.2018 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа