Филмска бркотница во Унгарија: Бегал од полиција со возило полно со мигранти

 

Најмалку три лица загинаа денеска, а 11 се повредени во несреќа предизвикана од шверцер на луѓе на југот на Унгарија, соопшти полицијата на округот Бац-Кискун.

Како што информираат, маж од Грузија со автомобил се обидел да прошверцува 15 лица низ Унгарија. Тој одбил да застане на полициска проверка и се обидел да побегне, јавува „МТИ“.

Потоа предизвикал судир со тоа што не ја намалил брзината додека се приближувал до раскрсницата и не пропуштал возило кое му се приближувало од десната страна. Двата автомобили паднале во канал покрај патот и се запалиле.

Двајца илегални мигранти, кои биле во возилото на шверцерот, починале на лице место, а третото лице починало во болница.

За возачот од Грузија се води истрага за шверц на луѓе и несовесно возење, што довело до голема несреќа.

05.08.2022 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа