Фирма на Македонец во Бугарија внесувала сомнителен отпад од Италија

Бугарските медиуми денеска објавија дека компанијата „Блацион“ ООД, во сопственост на Б.И и Г.А, извршила нерегулиран увоз на 25 контејнери со отпад.

Како што јавија бугарските медиуми, Обвинителството започнало истрага за нерегулиран увоз на 25 контејнери со италијански отпад на пристаништето во Бургас. Отпадот е транспортиран со брод на 5 септември минатата година и му е определен режим на времено складирање во рок од 90 денови.

Бугарското Обвинителство соопшти дека содржината на отпадот се разликува од она што е декларирано на царинскиот документ.

Испраќач на отпадот е италијанската компании „Дентиче Пантелоне“, што е основана во 1984 година и е специјализирана за рециклирање и повторна употреба на отпад, депонирање на тврд индустриски отпад и преработка на пластмаса.

Како што соопштија бугарските медиуми, откако сопственикот не реагирал на предупредувањето на Царинската управа, бидејќи бил истечен дадениот рок, Обвинителството започнало истрага.

МИА стапи во контат со управителот на „Блацион“ ООД, Б.И и содружникот Г.А, кој поседува 15 проценти од компанијата, како и Италијанците Винченцо Трасари и Ецио Боче.

Игнатов посочи дека отпадот од пристаништето во Бургас требало да биде пренесен во Термоцентралата „Бобов дол“, но откако пристигнал отпадот, на бугарската ТЕЦ и истекла лиценцата за горење на отпад.

Тој нагласи дека станува збор за пластика и гуми и оти тоа што е пронајдено – текстил, дрво, стакло, како што посочија од бугарското Обвинителство, е дозволено. Потенцираше дека тоа ќе го докажат и експертите откако ќе го испитаат отпадот.

Г.А за МИА посочи дека не е вистина она што се наведува во бугарските медиуми и оти отпадот, доколку добие дозвола ќе се пренесе во ТЕЦ „Бобов дол“ или ќе се врати повторно во Италија.

На прашањето, како директор на Депонијата „Дрисла“, дали Компанијата „Блацион“ ДОО, некогаш има остварено соработка со Депонијата, Г.А рече дека никогаш немаат остварено соработка.

Б.И истакна дека во земјата никогаш не бил увезен каков било отпад, бидејќи нема дозволи за тоа и дека тоа го работеле само во соседна Бугарија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2020 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега