Фирмите имаат пет дена да се прилагодат на е-Даноци

Во период од пет дена уште 4.244 фирми треба да се прилагодат за електронско пријавување на ДДВ и данок на добивка преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk.

Првите електронски пријави фирмите треба да ги достават најдоцна до 25 јули.

Досегашниот начин на поднесување на хартиените даночни пријави на шалтерите на УЈП, се заменува со нов електронски начин на комуникација со УЈП кој овозможува 24 часовно поднесување на пријави, 7 дена во неделата.

Доколку фирмите не се прилагодат на системот е-Даноци, нема да можат навреме да ја поднесат електронската ДДВ-пријава во УЈП. Предвидената глоба за ова е 3500 евра.

ФОТО: Денешен

најчитано сега