Фити: МАНУ ќе усвои повелба за македонскиот јазик

Академик Таки Фити во емисија на 24 Вести зборуваше за припадноста на Гоце Делчев околку која се води спор помеѓу македонската и бугарската комисија.

„Не е важно дали е Бугарин или Македонец, треба да видиме зошто го славиме заеднички. Што тој допринел за Македонија? Тој не е роден во Бугарија, туку во Кукуш. И да сакал да се декларирал како македонец, не можел тогаш не постоела македонска држава. Ние го сметаме Гоце како наш кој цел живот се борел за македонската кауза. Можеби слични проблеми ќе имаме и за македонската преродба каде имаме многу револуционери. Тука е суштината на македонизамот и треба да бидеме тврди. верувам дека за тие преродбеници кои се македонци нема да прават проблем, како што е на пример Крсте Петков Мисирков.“ - вели академик Фити.

Околу измените на учебниците, академик Фити потенцираше дека учебниците треба да бидат реципрочни. Не смее само едната страна да менува, а другата не. МАНУ има 40 членови и секој има право на свој став.

„Јас предупредив дека ќе излезе дека ќе не поделат. Имаше реакции во претседателството каде имаше патриоти. На 3 декември ќе усвоиме посебен документ за македонскиот јазик, повелба за македонскиот јазик, каде изнесуваме факти и аргументи. Ќе кажеме дека постои македонскиот јазик и дека имаме огромен број на македонисти во странство и го афирмираат јазикот. Тој е жива материја и мора постојано да се усовршува.“ - потенцираше Фити.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега