Фити: За Гоце Делчев комисиите беа блиску до договор

Aкадемик Таки Фити вечерва во интервју за ТВ24 изјави дека е разочаран затоа што Македонија не добила датум за почеток на преговори со ЕУ. 

Тој очекува дека по францускиот нон-пејпер, условите за членство ќе се заоструваат. 

Вели дека Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија биле единствен пат за да се деблокираат процесите. 

Тој кажа дека македонската и бугарската комисија, биле блиску до договор за револуционерот Гоце Делчев. 

„Јас мислам дека за дел од тие преродбеници нема да прават проблем, исто и за Крсте Петков Мисирков верувам дека нема да прават проблем. Тој е еден од најмаркантните личности за македонската кауза“, рече тој. 

Фити рече дека не премолчеле ништо како МАНУ, ниту Договорот со Бугарија, ниту со Грција, а изнеле свои ставови и за двојазичноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега