Физички ја нападнал, па се обидел да ја силува- уапсен маж од Пробиштип

 

Маж од Пробиштип физички нападнал сограѓанка, па се обидел и да ја силува, по што полицијата го уапсила.

„На 26.06.2020 во 02,00 часот во Полициската станица Пробиштип, 43 годишна жена од Пробиштип  пријавила дека околу 01,00 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Пробиштип била физички нападната од Ј.Ј.(35) од Пробиштип, кој се обидел да изврши и обљуба врз неа.“ соопштува полицијата.

Ј.Ј. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Пробиштип.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега