Флорида повторно ги затвора плажите поради короната: Се спречува собирање на луѓе, а во баровите нема да смее за се конзумира алкохол

Неколку плажи во американската држава Флорида ќе бидат затворени повторно со цел да се спречи собирањето на голем број луѓе во обид да се запре понатамошното ширење на коронавирусот.

Гувернерот на таа американска држава, Рон Десантис, рече дека собирите на младите доведуваат до зголемување на бројот на заболени.

Официјални лица на таа држава најавија забрана за консумирање алкохол во барови, а причината, како што објасни Десантис, е широко распространето непочитување на мерките.

Во округот Броуард неколку ресторани беа затворени затоа што не ги почитуваа ограничувањата на бројот на гости и обврската да носат маски.

Властите на округот Брауард и Мајами-Дејд објавија дека ќе ги затворат плажите за време на одбележувањето на американскиот национален празник Денот на независноста, кој се слави на 4 јули.

Повеќе од 8.300 нови случаи на коронавирус беа пријавени во неделата во Флорида, а 29 луѓе починаа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега