Фон дер Лајен вмешана во политички скандал во Бугарија

 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, беше вмешана во последниот бугарски политички скандал, откако беше објавена снимка со времетраење од пет часа– во која е вклучен поранешниот премиер Кирил Петков.Тој пренесува дискусија со Фон дер Лајен поврзана со Шенген на другите членови на партијата Продолжуваме со промената. Снимката ја објави пратеникот од партијата Има таков народ, Радостин Василев.

На снимката се слуша гласот на Петков како им го пренесува разговорот на своите сопартијци со Лајен, дебатирајќи околу шансите на Бугарија да биде прифатена во Шенген и во еврозоната.

Петков откри дека претседателката за време на состанокот му изјаснила : „За Шенген имате многу големи шанси. За зоната на ЕУ, треба да сфатите како да се движите околу правилата. Во смисла како да се усогласат.”

Mоже да се слушне како вели дека тој одговорил: „Дали можеме да имаме (проценка на) инфлацијата минус ефектот (од војната) во Украина“. На ова, Петков рече дека таа одговорила „Слушај ме, ќе се обидеме да ти помогнеме“.

Комисијата на ЕУ го потврди разговорот на Фон дер Лајен и Кирил Петков, додавајќи дека разговарале за важни прашања од агендата на Бугарија, меѓу кои и влезот на Бугарија во еврозоната и Шенген.

Со снимката се открива стратегијата на партијата, која требало да се спроведе по изборот на влада со поранешниот премиер Бојко Борисов.

Партијата „Промената продолжува – Демократска Бугарија“, пред објавување на снимките постигна договор без преседан со ГЕРБ за избор на влада.

Инаку, по откритието за снимките, ГЕРБ објави дека ги запира преговорите со Промените, а ќе продолжат кога ќе стекнат сигурност дека идната влада ќе ги почитува принципите на владеењето на правото.

29.05.2023 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега