ФОТО: 17 повредени во несреќа меѓу автобус и камион во Турција

Седумнаесет лица се повредени денеска во тешка сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион на автопатот во близина на градот Дузче, северозападна Турција, јави Си-Ен-Ен-Турција.

Автобусот патувал за Анкара.

Несреќата се случила околу 13 часот по локално време, откако автобусот се судрил со камион кој се движел во истиот правец. Автобусот потоа удрил во заштитната ограда на патот.

На подрачјето на инцидентот се испратени екипи на полицијата, противпожарната служба и многу возила на брза помош.

Возачот останал заробен во возилото, но бил спасен од пожарникарите.

27.03.2024 - 18:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега