ФОТО: Адријана Алачки ја накити елката - „Богата сум, благодарам животе“

Македонската пејачка Адријана Алачки ја накити својата елка и напиша емотивна порака во опис.

-Сликата се уште ми е пред очите, мајка ми, татко ми, елката, брат ми и сестра ми, како филм од 60-тите… Китењето на елката го доживувам како посебен ритуал. Ме потсетува на среќното детство, на топлината во домот, среќни мигови поминати со родителите и безгрижноста која беше прочистувач на воздухот. Се тече, се менува, сега јас ја китам за моите деца, да и колку и да се возрасни за мене се мои деца. За внуката Јана, среќна сум, му благодарам на Бога, ми даде можност да имам на коги и за кого.Богата сум! Ти благодарам животе!- напиша Алачки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега