ФОТО: Ахмети рече Зекири го молел - Тој веднаш жестоко му возврати

Во вчерашното гостување на ТВ21, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, даде коментар за изјавата на Мухамед Зекири, „Што подалеку од ДУИ, тоа подобро“.

- „Мухамед дојде кај мене за да стане пратеник на ДУИ. Пред 7-8 години дојде во мојата канцеларија и бараше да биде пратеник на ДУИ“, рече Ахмети на „КликПлус".

Таа изјава на лидерот на ДУИ веднаш ја искоментира на Фејсбук самиот Зекири.

-Јазикот оди каде што забот боли! Ова е кусиот коментар на Зекири на фејсбук, а потоа и за Фокус за тврдењата на Ахмети синоќа.

Вели дека со ова се е кажано и дека тој досега се што имал за ДУИ и за лидерот на партијата кажал јавно.

Ахмети вчера истакна и дека тој што ќе се осмели ДУИ да е опозиција ќе ја види силата и дека за 15. месеци ги ставиле ВМРО на колена.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега