ФОТО: Белиот паун кој го красеше дворот на храмот ,,Св.Архангел и Михаил“ растргнат од улични кучиња
Белиот паун кој го красеше дворот на храмот ,,Св.Архангел и Михаил“ во Автокоманда викендов е растргнат од улични кучиња, соопштија од храмот на фејсбук.
Од таму наведуваат дека нападот најпрвин се случил во дворот на храмот, а потоа паунот бегајки прелетал надвор од дворот и налетал на глутница од улични кучиња.
„Нашиот домакин веднаш реагирал но за жал било доцна. Ги замолуваме сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња кои се во кругот на студентскиот дом Стив Наумов. Сите сме сведоци дека изминатиот период во дворот на Храмот имаше: зајачиња, шатки,пауни,гулаби,коковчиња, дукатки...и други животинчиња кои ја заокружуваа убавината на овој Храм, но за жал уличните кучиња ја прекинаа таа убавина убивајки се што ќе дофатеа со крволочните заби“ пишуваат од храмот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа