(ФОТО) Блокиран сообраќајот кај „Мавровка“ - приватните превозници ги паркираа автобусите

Почна протестот на приватните превозници, а сообраќајот кај „Мавровка“ е блокиран.

Приватните превозници ги паркираа автобусите на оваа улица.

Инаку, претходно од Министерството за внатрешни работи информираа дека поради најавено одржување на протест, денеска со почеток во 07:00 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. 

Погледнете дел од моменталната атмосфера кај „Мавровка“ низ фотографии од репортерот на Прес24 на терен.

 

28.11.2022 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа