ФОТО: Бремена е на 50 години - има 3 деца и 8 внучиња, а сега очекува четворка

Педесетгодишната Трејси Бритен е мајка на 3 деца и баба на осум внучиња, а наскоро повторно ќе стане мајка, и тоа најстарата мајка на четворка во Велика Британија.

Имено, таа е бремена во 25-та недела, а чека момче и три девојчиња, вклучувајќи и идентични близнаци. Трејси и нејзиниот сопруг посакале повторно да станат родители, па се одлучиле за вештачко оплодување, на кое потрошиле околу 7.000 фунти.

„Луѓето ми велат дека сум баба која одлучила повторно да има деца. Па што? Не сум ниту прва, ниту последна. Не изгледам како да имам 50 години, ниту пак така се чувствувам. Луѓето може да зборуваат што сакаат. Не ја знаат мојата приказна, А, кога ќе видите 4 прекрасни бебиња, ќе го промените мислењето“, рекла Трејси за британскиот „The Sun“.

 

 

 

14.09.2018 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега