ФОТО: Девојката на Роналдo објави фотографија, па набрзо ја избриша - сите коментираат дека е бремена

Девојката на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо (36), Георгина Родригез (27), објави фотографија во бикини на социјалните мрежи, поради која многумина да помислија дека е бремена.

Георгина сепак по неколку часа ја избриша фотографијата од Инстаграм, меѓутоа, таа кружи на социјалните мрежи со заоблениот стомак, па обожавателите јасно алудираат на бременост.

Таа позирала во минијатурно бикини во боја на кожа, а се фотографирала одозгора, така што нејзиниот стомак јасно се надѕирал и ги поттикна гласините дека убавата манекенка и фудбалерот очекуваат дете.

„Дали е ова скриена порака од годишниот одмор?“, „Георгина е бремена?“, „Изгледа како да е бремена?“, „Или добро јадела или е на почетокот на бременоста“, се некои од коментарите.

Роналдо и Георгина имаат четири деца, од кои едното им е заедничко. Тие го имаат девојчето Алана Мартин, додека Роналдо со помош на сурогат-мајка го доби синот Кристијано помладиот и близнаците Ева и Матео.

Двојката ужива на одмор на брегот на Мадеира покрај Португалија, а на заедничките папарацо-фотографии се гледа дека уживаат во семејните моменти.

Ronaldova devojka objavila sliku, pa je ubrzo obrisala: Svi komentarišu da  je trudna - Telegraf.rs

12.07.2021 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега