(ФОТО) Директорот на ОМД Македонија слави роденден: „Се борам за иднината на мојот народ“

Актуелниот директор на ОМД Македонија, Гордан Јорданов денеска слави роденден. На својот „Фејсбук“ профил откри дека полни 26 години. 

„Секој човек има своја приказна, па така и мојата. Млад човек од мал град, со големо срце, доста љубопитен и комуникативен, по малку иновативен и секогаш добро образован, чекори по светот, борејќи се за иднината на својот народ, младина, држава“, пишува Јорданов на својот Фејсбук профил.
 
„Со моите 26 под ракав остваривме многу, а мојот ум е само на почеток. Нека оваа втора четвртина ги даде плодовите на она што сме го заслужиле во минатите години.
Од мене, Винстон Черчил, Марк Твеин, Били Идол, Бен Стиллер и многу други ви посакувам убав и пријатен ден, и ве поканувам на парче торта за роденден“, се наведува во објавата на директорот на ОМД Македонија.

30.11.2022 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега