ФОТО: Дизајнерката Маја Кикириткова се соблече и ги покажа лузните од царски рез: „Царица х2 сум“

Модната дизајнерка Маја Кикириткова и нејзиниот сопруг Александар пред три години првпат станаа родители, а пред неполна година добија и ќерката, а сега таа гордо ги покажа лузните од двата церски реза.

Во својот статус таа го сподели своето искуство со двете бремености и сите потешкотии низ кои поминала, па потенцираше дека  е царица х2.

Кога останав бремена со Лазар цело време во мисла ми беше природно породување. На докторот постојано му зборував како сакам детето да се роди природно, а тој само велеше дека додека не влезам во 36. недела нема да зборуваме за раѓање. И во право бил, не ја дочекав 36. недела. Тој ден 22.12.2017, утрината бев на преглед кај матичната, ми рече супер е сè, уживај во последните недели од бременоста. Во 17 часот требаше да одам на јога за трудници. Влегов да се спремам и видов дека сум прокрвавела. Александар беше предновогодишно во кафана. Не му се јавив да не го возмемирувам, потсвесно верував дека не е ништо сериозно, иако знаев дека не е во ред. Го побарав докторот и рече, ‘Дојди, дежурен сум’. Отидов во болница, крвавењето беше пообилно. Ми рече дека ќе ме задржат во болнца, плацентата е одлепена. Му се јавив на Александар, дојде со брзина на светлината. Не можев да издржам ни неколку часа, а не неколку денови. Во 20:10 се роди Лазар. Итен царски, затоа што ако не се реагирало на време, прво се губи бебето, па мајката.
Втор пат бремена, молење да дочекам 36. недела, милијарда испитувања и пак истото, пак прокрвавев, пак 34. недела, пак во болница и пак итен царски.
И да, не сум царица, царица х2, затоа што имам две прекрасни деца, живи и здрави.
Сите ние сме царици, без разлика дали сме родиле природно или царски. Каква е вашата приказна?“, напиша Маја.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@majakikiritkova)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега