ФОТО: Две момчиња дуваа роденденски свеќички во карантин во хотелот „Ибис“

И додека се во задолжителен, државен карантин во хотелот „Ибис“ Дејан и Дамир дуваа роденденски свеќички.

Овој хотел е еден од оние во кои се одржува државен карантин, за граѓани кои од странство се враќаат во нашата земја.

„Се одбележуваат битните моменти и во деновите на задолжителен карантин, Дејан и Дамир ги дувнаа роденденските свеќички. Мал но сепак значаен гест, бидејќи секој роденден заслужува внимание. Тимот на хотел Ибис и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ им посакува среќен роденден со желба секој следен роденден да го прославуваат опкружени со најблиските!“, стои во опис на фотографиите, а видео од дувањето на свеќичките погледнете во коментар на објавата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега