ФОТО: Џорџ Клуни на прва прошетка со синот

Холивудскиот глумец Џорџ Клуни (59) бил фотографиран на прошетка со својот тригодишен син Александер во Лос Анџелес. Глумецот никогаш не ги покажува децата, па иако папараците ги следат постојано и него и Амал, скоро и да нема нивни фотографии. Американските списанија пренесоа дека ова е прва прошетка на глумецот со синот во јавност.

Клуни го водел својот син на офталмолог. Наместо заштитна маска, глумецот на лицето носел марама. Но, Клуни, кого го опишуваат како грижлив татко, за синот понел грицки и сок. Откако заминале од лекар, биле на куса прошетка.

За потсетување, Џорџ и Амал се венчаа во септември 2014 година, а близнаците Александер и Ела ги добија на почетокот на јуни 2017 година. Тие се родени во Лондон.

Познатата двојка неодамна за своите деца нарачала куќа од 112.000 долари, што ќе им биде место за забава. Куќата за играње ќе има два ката, а ќе биде направена по примерот на вила во Англија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега