ФОТО: Град Скoпје ги „ослoбоди“ забетонираните дрва

 

 


Град Скопје ги санираше забетонираните дрва кои од вчера предизвикуваат реакции кај граѓаните.
Преку писмено соопштение од Градот велат дека вчерашната слика не била од финалниот изглед на патеката.

Вчера и денеска на поголем број медиуми и на социјалните интернет  мрежи се појавија фотографии кои прикажуваат работа во тек и наводно невнимателно однесување со градското зеленило при изведувањето на велосипедската патека на булевар „8-ми Септември“.

Ве информираме дека објавените фотографии се направени во текот на изведбата на патеката и не го претставуваат финалниот изглед на теренот.

Сакаме да потенцираме дека при изградбата на новата вело патека, ниту едно дрво не е исечено или оштетено.“ – велат од Град Скопје доставувајќи ја оваа фотографија.

 

 

 

 

12.07.2018 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега