ФОТО: Град Скопје спроведе акција за чистење- се бришат графитите со говор на омраза

Град Скопје денеска почна со отстранување на графитите кои содржат говор на омраза. Во рамките на есенската акција за чистење на градот, посебни тимови ќе ги бришат и пораките на ѕидовите на зградите и објектите низ градот низ кои се искажува говор на омраза. 

 

„Тоа не значи дека градот е против урбаната уметност на графитите, туку против говорот на омраза. Урбаната уметност и графитите се симбол на секој град и Град Скопје го стимулира тоа, меѓутоа содржини со говор на омраза се неприфатливи“, рече денеска градоначалникот Шилегов.

Во рамките на есенската акција за чистење, јавните претпријатија на Град Скопје ќе ги чистат споредните улици и ќе се промовира акцијата за собирање на кабаст отпад, односно негово правилно одлагање во специјални садови, а не во контејнерите. Од денеска до вторник на посебни локации во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во коишто граѓаните ќе можат да одлагаат кабаст отпад односно стар мебел и отпад од електронската и електричната опрема.

„Во оваа прилика би сакал уште еднаш да апелирам за подигнување на јавната свест кај граѓаните на градот Скопје за правилното одлагање на отпадот, затоа што како Претпријатие секојдневно се соочуваме со создавање диви депонии од градежен и кабаст отпад што директно ја загадуваат нашата животна околина, а се резултат токму на несовесното однесување и постапување со отпадот. Во таа насока, нашата Еко-патрола од почетокот на годинава досега им врачи повеќе од 1000 записници на оние граѓани коишто на терен се затекнати дека го прекршуваат Законот за јавна чистота.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани.

 

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2019 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега